gradeznimaterijali

 1. ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ 

1.1. Градежен камен и керамички материјали 

1.1.1. Значењe на градежните материјали и конструкции 

Една од најстарите дисциплини во областа на техничките науки е научната дисциплина која се занимава со изучување на градежните материјали и конструкции.

 На почеток, во раните историски периоди биле користени природни материјали, како: дрво, камен и др. (сл. 1; сл. 2; сл. 3 и сл. 4), но со време почнале да се применуваат и вештачки материјали како: бетон, челик, малтер, керамички материјали, асфалт и др. 

Денес, со помош на високиот степен на обработка, се создадени големи можности во смисла на подобрување на нивните својства. Исто така, има можности за создавање нови градежни материјали. Историскиот развој на градежните материјали се карактеризира со период во кој се користат градежнВодопропустливост е својство на материјалот кој поради својата порозност овозможува низ него за определено време и под определен притисок да помине определена количина вода. Топлинска спроводливост е својство на материјалот да ја пропушта топлината. Зависи од структурата на материјалот, густината, влажноста, порозноста и температурата. Отпорност на пожар е својство на конструкцијата, односно на елементите на конструкцијата, кои во услови на изложеност на нормиран пожар, преку определено време ја исполнува бараната носивост, како што е пропишано со нормите за испитување на отпорноста на пожар. Отпорност на мраз на материјалот може да се дефинира преку релација на две вредности на влажноста на материјалот, критична влажност и вистинска влажност на материјалот. Паропропустливост може да се определи со количината на пареата која поминува низ материјалот во определено време. Механички својства се својства на материјалите да се спротивстават на надворешни оптоварувања. Такви може да бидат: јакост на притисок, јакост на затегнување, кртост, пластичност, еластичност, свиткување и др. Притисок е механичко својство на материјалите и претставува сила нормална на површината на едно тело за единица површина на која е распределена таа сила. Жилавост е својство на материјалот со помош на пластична деформација да ја зголеми јакоста на материјалот. Кртост е својство на материјалите спротивно од жилавост, односно својство на материјалот да се крши без претходна пластична деформација. Пластичност е својство на материјалот кој под дејство на определена сила го менува обликот и по делување на силата, речиси целосно, трајно, го задржува својот облик. Еластичност е својство на материјалот кој под дејство на определена сила го менува својот облик и по делување на силата се враќа во првобитниот облик. Хемиски својства се својства на материјалите да претрпат определена хемиска промена. При таков вид хемиска реакција доаѓа до промена на составот на материјалот.и

  



.




Видови камен 
Најчесто користени видови градежен камен се: гранит, мермер, гнајс, андезит, бреча, доломит, песочник, варовник, травертин и др. Покрај природниот камен кој се добива од природата, тој може да се изработи и вештачки. Тоа го работат специјализирани мајстори терацери или клесари за изработка на вештачки камен. Форми и примена на градежниот камен Градежен камен се вади во каменоломи. Тие се отвораат заради обезбедување на материјалот за изградба на градежни објекти (брани, патишта, железници и др.) при што е важно тие да бидат лоцирани што е можно поблиску до објектот. Кршен камен се добива во рудници на камен со помош на експлозив или со примена на кршење, разбивање и сечење на карпите. Тој може да се подели на: кршен камен за ѕидање и обичен кршен камен. Се применува за ѕидање темели, обложни и потпорни ѕидови, помали мостови, пропусти и др. (сл. 27). Обичниот кршен камен се употребува за изработка на сообраќајници, дренажни канали и за добивање кршен камен. Испитувањата на определени својства на каменот се од големо значење заради изборот на материјалот, безбедноста и трајноста на објектот. Позначајни се следните испитувања: - пукнатини, структура на градежниот камен, боја, порозност, хигроскопност, постојаност на мраз, јакост на притисок, отпорност на абење, жилавост на каменот, обработливост и др.



Comments

Popular posts from this blog